Ако имате проблеми со несоница или едноставно не можете да заспиете поради голем стрес или возбуда, еден едноставен трик кој не бара ништо друго освен добра волја и пет минути време може да ви помогне.

Не може да боли, може да помогне! Така барем тврди британскиот експерт по природна медицина и хемичар д-р Тим Бонд, кој сподели ефикасни совети за брз сон.

– Има една ирска поговорка која гласи: „Доброто смеење и долгиот сон се најдобриот лек во лекарската книга. И навистина, квалитетниот сон е од витално значење. Тоа им овозможува на вашето тело и ум да се наполнат, давајќи ви свежина и енергија кога ќе се разбудите. Здравиот сон исто така му помага на телото да остане здраво и да го спречи развојот на болести. Без доволно сон, мозокот не може да функционира правилно, а тоа влијае на концентрацијата, размислувањето и меморијата – истакнува овој експерт.

Еве ги неговите кратки вежби кои ќе ви помогнат да заспиете за краток рок.

Тоа треба да биде поглед на море за време на мирен ден или лулкање на стол-лулка во слабо осветлена просторија, но секоја сцена што ви е релаксирачка ќе ви одговара. Ако ниедна сцена не ви падне на ум, и не се чувствувате како да сонувате, обидете се да си повторите: „Не размислувај, не размислувај“. Треба брзо да заспиете.