Се појави видео од падот на рускиот авион, последните неколку моменти на 63-годишниот руски генерал Канамат Боташев, кој беше соборен и убиен од украинските сили.

На 22 мај леташе во формација на два руски борбени авиони кои летаа ниско над Донбас кога беа погодени од украински проектили. Се верува дека бил соборен на екстремно мала височина и тоа е причината што не успеал навреме да се катапултира од авионот.

Боташев пред да се пензионира беше командант на воздушните полкови, а тој е највисокиот руски пилот кој досега загинал во Украина. Тој беше пилот снајперист, а оваа значка во руските воздухопловни сили се доделува на оние пилоти кои имаат највисоко ниво на стручност. Според руското Министерство за одбрана, обуката на таков пилот трае 10-12 години и чини околу осум милиони долари.

Според последните проценки, досега над Украина животот го загубиле 31 руски воен пилот, иако тој број може да биде многу поголем.

Според информациите на воениот аналитичар и автор на бројни книги на тема модерна воена историја Том Копер, Боташев летал и за Вагнер.

Членовите на Вагнер станаа озлогласени по воените злосторства и масакри извршени во Сирија, Либија и неколку африкански земји.

„Важноста на редовните вооружени сили на Руската Федерација опаѓа, а Вагнер станува сè поважен. „Тоа не е само затоа што Вагнер ја протера украинската 24-та механизирана бригада од Попасна и на тој начин го направи првиот голем пробив низ воспоставената украинска линија на одбрана на старата линија на разграничување на исток“, коментира аналитичарот.