На 22.09.2021 во СВР Охрид било пријавено дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, биле пронајдени експлозивни направи.

По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.