Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26 април) околу 19 часот и 10 минути, на улица “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.

Тетовецот Г.Г. задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.