На 30.08.2022 околу 17.00 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците А.М.(18) и Ј.К.(30), затоа што при нивен преглед, а подоцна и при претрес во домот на Ј.К., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитална вага и пет патрони за ловечка пушка.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.