Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.