Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне во југоисточните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 12 степени.