Националистите ги мешаат верувањата со фактите. На судењето за регистрацијата на Центарот за македонски јазик обвинителите не прашуваат дали овој јазик постои или дали се говори, што е фактичко прашање, туку прашуваат во што верувам, и јас, се разбира, им одговорив дека тоа не е прашање на верување, туку прашање на факти“ се потсеќа на своето сведочење во судот професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун во нејзината изјава за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“.

Таа додава дека судијката поставувала интересни и важни прашања за нејзината експертиза и специјалност, а нејзините одговори за јазикот биле целосно објективни.

„Моите одговори беа апсолутно објективни“, вели професроката Јоаниду, „во врска со тоа дали јазикот бил забрануван не го поврзав со долгата историја, со децении, на прогон на јазикот и на луѓето што го говорат, што исклучително добро документирано во книгата на Тасос Костопулос ‘Забранетиот јазик’“ вели Јоаниду.

Таа ја истакнува судијката на случајот Центар за македонски јазик, којашто ја донесе одлуката напишана на 80 страници, и која што ги прекинувала обвинителите или адвокатите на третите страни во жалбените постапки кога поставувале прашања од идеолошка природа или прашања коишто произлегуваат од уверувања и инсистирала да бидат поставувани прашања за фактите.