„Зачленувањето е доброволно, но сепак СОНК не дозволува толку лесно да го откажете, па дури и да им дадете изјава дека не сакате да ве застапуваат како организација, обврзани сте да плаќате месечна членарина и токму затоа голем дел од наставниците се заглавени и се трудат да излезат од оваа организација, вели за Градска.мк, професорката Петра Лукароска од средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп.
Таа додаде дека голем проблем за наставниците и професорите е функционирањето на СОНК -Синдикатот за образование и наука, кој само формално се бори за правата на наставниците, а во реалноста ги уценува со плаќање чланарина која изнесува 260 денари месечно, дури и по откажување на членството до истек на 3 години од зачленувањето.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...