Проектот “m.Health” е победник на Хакатонот “Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Проектот “m.Health” е победник на Хакатонот “Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија

Проектот “m.Health” понуди најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон “Е-Здравство”, кој се одржа изминатиот викенд, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија а во соработка со Министерството за здравство. На хакатонот, 11 проектни тимови под менторство на врвни експерти од областа на здравството работеа на развој на дигитално решение кое ќе придонесе кон подобар здравствен систем во земјата.

“Во името на тимот на “m.Health” би сакал да им се заблагодарам на Фондот за иновации и технолошки развој и РОШ Македонија, за иницијативата за одржување на првиот е-хакатон за здравство во нашата земја. Имавме навистина напорни, но многу продуктивни 48 часа исполнети со интензивна работа со членовите на мојот тим, Софија Христова и Драган Соколовски. На самиот е-хакатон имаше многу добри идеи и би сакал исто така да ги охрабрам сите останати тимови да продолжат со работата за развивање на решенија за електронско здравство„ изјави Кирил Солески, тим лидер на победничкиот проект “m.Health”.

Солески смета дека проектот “m.Health” се издвои со својата сеопфатност, бидејќи претставува паметна, иновативна платформа која има за цел да ги интегрира и унапреди здравствените усуги во нашиот систем, кој ќе овоможи поголема ефикасност и достапност до здравствени услуги, подобрено следење на пациентите, развивање на здрави навики и зголемена информираност се само дел од придобивките кои ги нуди ова дигитално решение.

“Сите проектни тимови понудија одлични решенија и покажаа дека дигитализирањето на процесите во здравството е реална потреба со цел да имаме современо и квалитетно здравство. Хакатоните се одлична можност за поттикнување на иновации и токму затоа се надевам дека ваквите соработки ќе ги охрабрат и другите компании од корпоративниот сектор да се вклучат и да покренат слични иницијативи во иднина, со што заеднички ќе придонесеме кон дигитализација не само на здравствениот систем туку и на јавниот сектор пошироко„ изјави Ивана Станковиќ, советник во Фонд за иновации и технолошки развој и дел од организацискиот тим на хакатонот.

Победничкиот проект “m.Health” добива финансиска поддршка во износ од 30 илјади евра за реализација на решението кое ќе биде целосно и бесплатно достапно за сите граѓани во текот на следната година.

“На сите учесници им се заблагодарувам за трудот кој го вложија викендов во развивање модерни технолошки иновации, а победничкото решение верувам дека ќе биде од голема корист и полза за здравствениот сектор, за Министерството за здравство и Мој Термин. Се заблагодарувам на ФИТР и Министерството за здравство за целокупната поддршка при креирањето на овој прв, но не и последен хакатон посветен за унапредување на еден од најважните столбови во секоја држава – јавното здравје. И во следниот период продолжуваме да вложуваме и развиваме иновативни платформи, затоа што технолошките иновации во здравствениот сектор за подобро функционирање„ изјави Александра Ивановска, директорка на РОШ Македонија.

Јавниот повик “Е-Здравство” на ФИТР и Рош Македонија, беше отворен од 02 – 17.06.2021, на кој освен трговски друштва, можност имаа да се пријават и физички лица организирани во проектни тимови. Врз база на доставените предлог проекти, Комисијата за оценување и избор направи претселекција на апликантите кои преминаа во следната фаза, а тоа е 48 часовен Хакатон “Е-Здравство”.  За време на хакатонот, единаесет проектни тимови беа дел од повеќе менторски сесии водени од страна на: ФИТР, РОШ Македонија и Управата за електронско здравство, кои им помогнаа на учесниците да ги искристализираат нивните идеи и да ги насочат кон креирање на прототип или демо верзија на решението. Во финалниот дел, проектните тимови ги презентираа своите решенија пред Комисијата за оценување и избор кои врз основа на однапред дефинирани критериуми ја донесоа конечната одлука за избор на најиновативно е-решение од областа на здравство.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Пожар во угостителски објект во Битола

На 24.03.2023 околу 09,30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. Ј.Јосифовски во Битола. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Битола. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

99 санкции за брзо возење во Скопје, 53 во алкохолизирана состојба

Vesti +

Иванов: Премногу фама креваме за бугарското прашање и уште повеќе го разгоруваме антагонизмот кој некому му одговара

Vesti +

Познат идентитетот на починатиот кај Порта Македонија

Vesti +

Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

Vesti +

Мал број на новозаразени и починати од коронавирус – Ова се денешните статистики

В+

Ѓоргиевска: Да дадеме поддршка во борбата против родово базираното насилство

Vesti +