Денеска (07.09.2022), на граничниот премин „Долно Блаце“, од слобода бил лишен Н.Љ.(25) од Тетово. При пасошка контрола и при проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран со судска наредба за издржување затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.