Денеска (05.11.2021) во 11.00 часот на ул.„Васил Ѓорѓов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода В.М.(69) од Скопје. За неа била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.