Вчера (16.08.2022) во 18.25 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Џ.(45) од Скопје. За него била распишана централна потерница на барање на Основниот кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во траење од две години.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.