На 09.06.2022 во 12.30 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Џ.И.(34) од Штип. За него била распишана потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна.

Џ.И. бил приведен во полициска станица, а потоа спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.