Денеска (09.08.2021) во 09.30 часот на патот кај с.Другово, од страна на полициски службеници од Одделние за внатрешни работи Кичево лишен е од слобода Г.Н. од Скопје. Имено, при контрола на патничко возило „фиат пунто“ кое го управувал, била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.