На 27.06.2022 околу 14.30 часот на улица „Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 33-годишниот гостиварец И.Д. за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово во Тетово.

Подоцна, тој бил спроведен во установата за издржување на казната.