Денеска (25.01.2022) во 09.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода Б.М.(41) од Скопје. За него била распишана Централна потерница, а по наредба од Основен Суд Скопје 1.

Тој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 1 година и 6 месеци во врска со чл.131 од Кривичниот законик. Б.М. ќе биде спроведен во казнано-поправна установа за издржување на казната.