На 31.10.2021 околу 07.35 часот, во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници од СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ од Скопје, го лишиле од слобода А.Ј.(30) од с.Челопек, тетовско.

Тој се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 3 години, 3 месеци и 7 дена.А.Ј. ќе биде спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната.