На 08.07.2021 од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба бил лишен од слобода В.А.(30) од Скопје. За него била издадена судска наредба, поради тоа што се барал за издржување на казна затвор во траење од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.

В.А. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.