На 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

Ј.А. е изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.