Во Гевгелија ноќеска во 01.00 часот полициски службеници го привеле М.С.(27) од Гевгелија.

За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“.

Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.