На 09.03.2022 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при Секторот за внатрешни работи Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(25) од Скопје. За него била распишана потерница со која се барал за издржување затворска казна од 1 година и 6 месеци.

Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.