На 24.11.2022 околу 13.00 часот на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот тетовец Н.С..

Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово“. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.