На 24.11.2021 во 15.00 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од с.Пакошево, општина Зелениково. Таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната.