ЕВР Гази Баба – СВР Скопје расчисти пет кражби и лиши од слобода три лица од скопско. На 28.03.2022 околу 21.30 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода М.Г.(21), Б.Т.(21) и З.Н.(22), сите од с.Огњанци, скопско.

Тие биле затекнати како во возило „фиат браво“, со скопски регистарски ознаки, превезуваат предмети од кривични дела. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор признале пет тешки кражби кои ги сториле во февруари и март на 2022 година во викенд куќи во селата Катланово и Бадар.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.