На 15.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Аеродром на ул.„Вангел Тодоровски“ лишени се од слобода А.Х.(25), Љ.М.(26) и малолетник, сите тројца од Скопје, поради сомнение дека се извршители на кривични дела. Од лицата е одземен алат со кој ги извршувале кривичните дела, при што се расчистени пет кривични дела, и тоа две тешки кражби и три тешки кражби во обид, во продажни и услужни објекти на бул.„Александар Македонски“ и на ул.„Фрањо Клуз“. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.