На 02.06.2022 на ул.„Кочо Рацин” во Битола, полициски службеници од Полициската станица при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола, затоа кај нив биле пронајдени и одземени четири ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.