Денеска (14.04.2022), полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М(21), Н.Н(18) и А.П(21), сите од Неготино. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „кражба“, при што одзеле повеќе предмети од правно лице во село Криволак.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.