На 09.12.2021 во 10.30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР ОКР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.Т.(54) и Р.Ш.(30), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на овој месец на подрачјето на Гази Баба извршиле две кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници.

При извршен претрес од полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба, по претходна судска наредба, во домот кај Р.Ш. бил пронајден и одземен предмет со кој биле извршени кривичните дела. Притоа, Б.Т. се барал по централна потерница од Казнено-поправна установа Затвор Прилеп за издржување на затворска казна. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.