На 03.05.2023 во 19.00 часот кај место викано „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода (19) од с.Брест, скопско (27) с.Арачиново, скопско. Тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште.

Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.