На 24.12.2021 во 08.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

24.12.2021 околу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.

На 24.12.2021 околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје.

Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување.