Вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“, соопшти МВР.

Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.