На 13.04.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги привеле В.Г.(43) и А.Л.(37), двајцата од Велес. За нив била издадена судска наредба, со која се барале за издржување на мерка притвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“.

Тие биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.