На 26.10.2022 околу 13.30 часот на улица „Вонвардарска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(22) и А.К.(19) од Тетово. Тие се сомничат дека во текот на овој месец извршиле неколку кражби од возила во Тетово. Предметите биле пронајдени и одземени од нив.

По целосно расчистување и документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 235 и член 236 од Кривичниот законик.