Ноќеска (10.02.2023), половина час по полноќ, во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.О.(40) и Л.В.(39) од Тетово. Тие се сомничат дека претходно извршиле тешка кражба во објект во селото, а кај нив биле пронајдени и одземени предмети и производи кои потекнувале од кражбата. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци.