Приведени крадци од Скопје
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци од Скопје

На 22.07.2021 полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.М.(19) и С.Б(23), двајцата од Скопје, поради постеоње основано сомнение дека на 14.01.2021 извршиле кривично дело „тешка кражба“ од домот на К.Д.(35) од Скопје.

По спроведени мерки и активности било констатирано дека трет соучесник во кривичното дело е А.Д.(19), кој од пред 10 дена е на издржување на затворска казна. Во врска со случајот бил повикан и Д.М.(33) од Скопје, кој ги откупил предметите претходно украдени од трите лица и од него се одземени дел од нив и ќе бидат вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против М.М., С.Б. и А.Д. ќе биде поднесена пријава по член 236 – „тешка кражба“, а против Д.М. по член 261 – „прикривање“ од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира...

310 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Vesti +

85 санкционирани возачи во Скопје

Vesti +

СДСМ: Се стопи ли мнозинството на Мицкоски па затоа сега бара алиби преку лажни вести?

В+

Маричиќ: Апасиев и Левица се дел од проруската и антизападна структура и работат против интересите на земјата

В+

Следуваат два неработни денови со еден продолжен викенд – Ова се преостанатите државни празници до крај на годината

В+

СДСМ: Две нови стратешки инвестиции во енергетиката, сончева електрична централа и ветерен парк

В+