На 16.11.2021 во периодот од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен, поради сомнение дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово.

Најголемиот број од предметите биле пронајдени кај нив и ќе му бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.