На 28.06.2022 околу 12.00 часот во с.Катланово, скопско, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.А.(20), А.И.(31), двајцата од с.Огњанци, скопско и В.О.(38) од Скопје.

Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „кражба“ од имот сопственост на М.Р. и кај нив се пронајдени одземените предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.