Синоќа во 21 часот во ОВР Струга биле приведени Г.Н.(39) од Охрид и Е.А (38) од Струга.

При контрола на такси возило „мерцедес“, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја“, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.