На 21.09.2022 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62) во с.Долно Којнаре, кумановско. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.