Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криумчари на мигранти од тетовско

Денеска (08.06.2022) во 04.30 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, кај место викано„Табла“ кај с.Богородица ги лишиле од слобода А.З.(24) и Ј.С. двајцата од с.Копачин Дол, тетовско. Имено, при извршена контрола на товарно возило„форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 лица мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија).

Поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира...

Живковиќ: Ќе следи усогласувањето на платите во јавниот сектор

В+

46 санкционирани мотоциклисти на територија на СВР Битола

Vesti +

Бензините се намалуваат за 6,5 денари, дизелот за 9 денари

В+

Заев: Нека грми Арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија

В+

Приведени дилери на кокаин

В+

Ковачевски за „Политика” : Регионот заедно ќе ја преброди зимата, да нема недостаток на храна и енергенси

Vesti +