На 29.03.2022 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода С.Ј.(37) и М.Ј.(36), двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба. Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор признале дека извршиле тешка кражба и појасниле од каде ги одзеле предметите, кои му биле вратени на сопственикот.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.