На 24.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Ш.Љ.(20) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во објект на правно лице на ул.„Македонија“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.