На 08.01.2022 во 03,30 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.Ц.(28) и А.А.(31) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.