На 31.03.2022 во 07.50 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Тетово. При извршена проверка било констатирано дека е со мерка „апси” во службената евиденција, по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел за потраги и од СВР Тетово за издржување затворска казна. А.Ј. бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово, кои подоцна го спровеле во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.