На 30.03.2022 во 22.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Ш.(21) од Тетово. За него била издадена судска наредба, со која се барал за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, а бил осуден на три години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.

Б.Ш. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на казната.