Денеска (10.09.2021) во 13.15 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек Потраги го лишиле од слобода М.М.(58) од Скопје, кој се барал по распишана потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.