Вчера на подрачје на Чаир, полициски службеници го привеле Ш.А.(38) од Скопје, затоа што на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одземал пари и мобилен телефон.

Известен е јавен обвинител, а кај сторителот се пронајдени пари кои потекнуваат од извршеното кривично дело и истиот го признал делото.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.