На 05.02.2023, полициски службеници од Одделението за семејно насилство, Единица за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со П.К.(24) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 04.02.2023 на подрачје на Центар физички ја нападнал и ѝ се заканувал на М.К.(21) од Скопје.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.