На 19.03.2022 во 21.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје, Единица за насилен криминал-ОНК во координација со Одделение за криминалистички работи Чаир е лишен од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“ казниво по чл. 259 од Кривичен законик. Малолетникот побарал пари од малолетничката, со која претходно бил во љубовна врска, за да не објави компромитирачки материјал за неа. Уцената била пријавена од родител на малолетничката, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности. На малолетничката и се дадени крим технички обработени пари и во моментот кога таа му ги дала на малолетникот, тој е приведен од полициски службеници.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.